Седницата започна со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во сообраќајната несреќа која се случи во Република Бугарија.
На седницата се обрати градоначалникот Стефковски кој пред советниците истакна:
-Во мигови на голема тага и жалост во кои се наоѓа Република Македонија, хуманоста и солидарноста се најпотребни. Општина Гази Баба и нашите жители пред помалку од пет години бевме соочени со друг вид на несреќа која исто така одзема човечки животи и нанесе голема материјална штета. Во тоа време цела Македонија, соседните држави, организации и граѓани се обединија во солидарноста и хуманоста и подадоа рака за жителите на Стајковци, Црешево, Синглиќ и останатите населени места погодени од поплавата. Општина Гази Баба не заборава и затоа кога и на кого да е потребно, Општина Гази Баба ќе помага, рече Стефковски.