Општина Ѓорче Петров испрати соопштение за уметници и културни работници кое го пренесуваме во целост.
Општите и специфичните цели во Програмата за активностите на Општина Ѓорче Петров од областа на културата и поддршка на невладиниот сектор за 2022 се развој, зачувување, афирмирање и продолжување на материјалното, духовното, културното и историско наследство, достапност на културните добра и вредности до граѓаните. Во таа насока, Општина Ѓорче Петров ги повикува сите уметници и културни работници, дејци и други лица кои самостојно вршат дејност или друг вид активност од сите области на културата да се регистрираат на веб страната на општината преку пополнување на пријавата која е објавена во прилог.
На овој начин ќе имаме поголема и поопширна соработка, побрза и подобра комуникација, отвореност за нови идеи, сугестии и предлози за збогатување на културниот живот и заедно ќе влијаеме за издигнување на културната свест кај граѓаните. Сите културни дејци како творци, двигатели и негувачи на креативниот дух во културните настани во Ѓорче, активно ќе бидат вклучени во културниот живот во општината и ќе се овозможи унапредување на сите дејности од областа на културата на територијата на Општина Ѓорче Петров.
Пријава за податоци на уметници и културни работници во Општина Ѓорче Петров 2022