Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска сподели дека Ѓорче Петров ја добива најголемата фотоволтаична кровна површина во Македонија од 2.1 мегават.

„Потпишавме договор за ЈПП за поставување на кровна фотоволтаична централа со вкупен капацитет од 2.1 MW, на крововите на основните училишта, со што директно инвестираме во чиста енергија, енергетска ефикасност и намалување на трошоците за електрична енергија“ истакна Стојкоски.

Тој посочи дека со оваа постапка општина Ѓорче Петров, без финансиски импликации по буџетот, добива најмалку 6 милиони денари годишно, што го оцени како чекор кон целосна енергетска независност.

„Овој проект значи: пониски трошоци за општината, повеќе средства за нови проекти за граѓаните, заштита на животната средина и современа и одговорна локална самоуправа“, нагласи градоначалникот и воедно додаде дека инвестираат паметно и градат одржлива иднина.