Општина Ѓорче Петров доделува субвенции од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, за млади лица од 18 до 25 години.

– Реализираме уште едно предизборно ветување, Советот на Општина Ѓорче Петров донесе одлука со која директно инвестираме во младите Ова не е само финансиска поддршка. Ова е вложување во нивната самостојност, мобилност и сигурна иднина, порача градоначалникот на Ѓорче Александар Стојкоски.

– Во време кога секој трошок е значаен, општината застанува рамо до рамо со младите. Продолжуваме со политики што носат реална поддршка и вистинска грижа, додава тој.