Од почетокот на годината, како што посочуваат, досега исчистени се 23 километри од каналската мрежа којашто на територијата на општина Иинден се протега во должина од 120 километри.
– Во наредниот период предвидено е да се исчисти Главниот канал во централниот дел на населбата Илинден и населеното место Марино во должина од 4000 метри. Континуираното чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали со што се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста животна средина која е еден од условите за квалитетен живот на населението и во наредниот период останува приоритет во работењето на општина Илинден, се вели во соопштението.