Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски информира дека општинскиот Совет, на својата втора седница донел одлука за ИУзмена и дополнување на буџењтот, со цел порационално искористување на буџетските средства.

Оваа одлука е донесена по внимателната анализа на финансиското работење на Општина Илинден, кое го спроведе посебна вонредна комисија за оваа намена, која направи попис на побарувањата и обврските на општината, заклучно со 31 октомври 2021 година.

Комисијата утврди дека буџетот на Општината е во незавидна состојба, со наследени високи долгови, во висина од милиони евра!

Дополнително, голем дел од побарувањата се генерирани во периодот од 1 до 31 октомври 2021 година, за време на процесот на локалните избори – информира Георгиевски.