Со Меморандумот се предвидени заеднички активности за инклузија, интеграција и унапредување на квалитетот на животот на децата и лицата со хендикеп, попреченост и посебни потреби.

-Соработката се темели на размена на информации, искуства, и консултации при процесот на креирање на локалните политики на Општината, поврзани со унапредување на правата на децата и лицата од целните групи, како и нивните семејства. Меморандумот опфаќа повеќе општи и специфични цели, меѓу кои се вбројува и заедничкото аплицирање во национални и интернационални фондови за обезбедување на финансиски средства, за инклузија и интеграција на граѓаните од оваа социјална категорија, информираат од општината.

Додаваат дека соработката ќе биде насочена и кон промовирање и развој на социјалното претприемништво, вклучително и формирање на заштитни друштва за вработување на лица од овие целни групи, како и во насока на развивање на програми за обука и специјализација на стручен кадар, за практична работа со децата и лицата со попреченост.

Потписниците на Меморандумот се согласни и за развивање на програми за неформално образование, развој на животни и работни вештини, како и обука и специјализација на лицата од целните групи.