Средбата се одржа во дворот на оваа установа, со цел да бидат запазени протоколите за заштита од ковид -19.
Во оваа пригода, Општината обезбеди пакети за лична употреба кои содржат прехранбени продукти, наменети за 60-тина штитеници од домот. На средбата, се разговараше за унапредување на условите за престој на лицата од „трето доба“ кои се сместени во овој објект. Со оглед на тоа што оваа установа се наоѓа на територија на Карпош, локалната самоуправа во континуитет се грижи за старите лицата, преземајќи низа инфраструктурни зафати во рамки на објектот во кој престојуваат тие.
Инаку, Општина Карпош секоја година традиционално ја организира оваа средба, во рамки на одбележување на 13. Ноември – патрониот празник на домот за стари лица „Мајка Тереза“.