Нов парк ќе биде отворен денеска во Општина Кисела Вода.

Именуван “Иднина”, паркот е лоциран непосредно до кружниот тек, помеѓу Припор и Кисела Вода.

Како што информираат од Општината, изјава по тој повод ќе даде градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Отворањето на паркот е првиот од случувањата по повод роденденот на Општина Кисела Вода, кои се одвиваат под слоганот “67 Години моја Кисела Вода”.