Општина Кисела Вода урна дивоградба во населбата „11 Октомври“

Општина Кисела Вода денеска спроведе уривање на дивоградба лоцирана во населбата „11 Октомври“. Стануваше збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“, компанија што се наоѓа во стечај.

Објект без технички акти и катастарска евиденција

Од локалната самоуправа соопштија дека објектот бил отстранет врз основа на донесено решение, бидејќи не поседувал соодветни технички акти и никогаш не бил евидентиран во Агенцијата за катастар.

Стаменкоска Трајкоска: Законите мора да важат за сите

Градоначалничката Софија Стаменкоска Трајкоска истакна дека општината ќе продолжи да постапува строго во согласност со законите:
„Општина Кисела Вода ќе работи исклучиво законски, почитувајќи ги сите закони и правила. Нема да има двојни стандарди за никого и нема да дозволиме прекршување на било каков закон“.