Туристичката понуда на Струга беше претстваена на 4. Меѓународен саем за туризам во Тирана, што од 2 јуни до денеска се одржува во ЕкспоСити.
– Ја претставивме туристичката понуда, најпрво, природните убавини, и културното наследство на Струга и околината, гостопримството на стружани, но и одличните услови за претстој и одмор, особено поволните цени на туристичките услуги, соопшти Општина Струга.
На присутните им бил поделен од новиот реперезентативен материјал каде стојат информации за Струга и богатата туристичка понуда за посетителите. Посочуваат дека ги поканиле сите граѓани на Албанија, но и пошироко да ја посетат Струга и да поминат пријатни одмори.