Денес, градоначалникот Александар Стојкоски го посети комуналниот пункт во општината Ѓорче Петров каде официјално изврши примопредавање на новото комунално возило за зимско одржување на улици и патишта во руралните средини кое ќе ја подобри достапноста и пристапноста на руралните населени места подеднакво за сите граѓани.
Комунално возило за зимско одржување на улици и патишта во руралните средини е теренско-комунално возило (4×4) -кипер со додатоци-плуг за чистење снег и соларка за зимско одржување на улиците со мултифункционално значење.
Истото ќе може да се користи во останатите годишни периоди за превоз на друг материјал (гранки, земја, или за друга намена,) согласно тековните подреби на одделението за комунални дејности.
Со набавка на овој тип возило, се предвидува општината да оствари заштеди во делот на користење услуги од други договорни компании за зимско одржување на патиштата.
Средствата за имплементација на овој Договор се ГРАНТ-неповратни средства кои општина Ѓорче Петров ги доби по успешна реализација на заемот од МСИП-2 Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран од Светска Банка и со општинско кофинансирање.