Владата помага за општините
Владата помага за општините на територија на државата. Со 250 милиони евра за проекти владата предводена од Христијан Мицкоски ќе помогне за развој, поддршка и поткрепа во работата на локалната власт.
Општините ќе можат да добијат еден или повеќе проекти, но за истото ќе треба да аплицираат на конкурсот кој утрово го објави Владата.
Владата најави транспарентен процес
Првиот човек на Министерството за локална самоуправа, Златко Перински ќе врши селекција на оние ќе бидат избрани за финансирање. Тој, во заедничка прес-конференција со Премиерот Христијан Мицкоски најави транспарентен процес каде фокусот ќе биде на капитални проекти.
Премиерот вели дека се гради за народот, а владата предводена од него се грижи за сите граѓани.
Како ќе се исплатат парите?
Парите нема да бидат исплатени одеднаш, а средствата ќе се доделат преку шест министерства. Ќе има претставници од сите министерства во владиното тело кое ќе го надгледува процесот за истиот да биде транспарентен. Во проектот може да учествуваат сите општини, а ќе може да аплицира и самиот Град Скопје.