Албанија се соочува со поскапување на основните производи за широка потрошувачка за околу 10-20 лека и во споредба со земјите од регионот, е на прво место по високите цени на лебот, млекото, јајцата и месото.

-Поконкретно ако во Албанија литар млеко чини 160 лека (122,6 лека = 1 евро), во Косово цената на овој производ е 113 лека, во Северна Македонија 101, додека во Србија 100 лека. Што се однесува до брашното тоа е поскапе за 20 лека, па од 100 сега чини по 120 лека за килограм. Тоа се одрази и на цената на лебот, која исто така се помести за 20 леки, од 70 на 90 лека. Доколку сте во Приштина, можете да купите 500 грама леб за 45 лека во Белград за 55, додека во Скопје за 60 лека, наведува Ора њуз.

Телевизијата прави соредба на цените и на други продукти. Така килограм ориз, во Албанија чини 175 лека, по иста цена се тргува во косовските супермаркети, додека во Србија е 145. Најниска цена за овој производ плаќаат македонските граѓани, односно 130 лека.

-Табла со 12 јајца кај нас се продава во просек по 210 лека, во Косово за 150 леки, во Северна Македонија, додека во Србија 171 лека. И месото е производ кој е скап за албанските потрошувачи. Во Тирана килограм говедско месо во просек е 1000, во Северна Македонија 850, на Косово 800, а во Србија 804 лека, додава телевизијата.

Оценува дека се очекува бранот поскапувања да продолжи и во наредните 4 месеци, потоа се очекува состојбата да се стабилизира.

Врз зголемувањето на цените секако ќе влијаат и зголемените малопродажни цени на горивата, кои од вчера се повисоки за 40 лека по литар. Така, моторен бензин еуросупер БС – 95 чини 234 лека/литар, моторен бензин еуросупер БС – 98 чини 239 , додека дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 234 лека/литар.