Орбан ја потврди позицијата на Унгарија дека американските санкции за руски гас и нафта нема да се применуваат додека тој е премиер

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека неговата земја ќе биде исклучена од американските санкции за руски гас и нафта додека тој останува на функцијата и Доналд Трамп е претседател на САД. Тој нагласи дека со Трамп водел директни разговори за ова исклучување, кое го оцени како најзначајниот преговарачки успех за земјата во тековната година, пренесува МТИ.

Орбан појасни дека доколку санкциите беа воведени, трошоците за комунални услуги би се зголемиле двојно или тројно, а цената на бензинот би пораснала за 2,5 евра по литар пред Божиќ.

„Вистинска катастрофа. Успеавме да ја спречиме оваа опасност. Унгарските семејства ќе можат да имаат Божиќ каков што посакуваат“, рече премиерот.