Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја повика Европската унија да започне директни преговори со Русија во врска со војната во Украина. Тој ја нагласи потребата од итен прекин на огнот.

Според унгарските медиуми, Орбан му испратил писмо на претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста. Во  писмото се спротивставил на обидите на земјите од ЕУ да постигнат заеднички став за Украина.

Орбан: Трамп може да ја запре војната во Украина

Писмото било испратено откако Брисел доставил нацрт-заклучоци за претстојниот самит на лидерите на ЕУ. Унгарскиот премиер доследно се залага за дипломатско решение и бара ЕУ да преземе поактивна улога во преговорите со Москва.

Неговата позиција доаѓа во време на зголемени тензии во односите меѓу ЕУ и Русија, при што повеќето европски земји ја поддржуваат Украина со воена и економска помош.

Извор: Миа