-Владата нема да дозволи ЛГБТ активисти да влегуваат во училиштата, рече Орбан.
Новиот закон забранува прикажување и промовирање на родов идентитет, освен полот по раѓање, промена на полот и хомосексуалноста на возраст под 18 години во училиштата, на телевизија и во реклами. Тој закон предвидува список на здруженија на кои им е дозволено да учат за сексуалноста.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја предупреди Унгарија дека мора да го укине законот, во спротивно европскиот закон ќе важи за земјата. Но, Орбан одговори дека само Унгарија има право да одлучува како ќе ги образува и воспитува своите деца. Законот бил критикуван и дома и во странство и биле одржани протести против него, а групите за човекови права повикаа на повлекување на законот.
-Европскиот парламент и Европската комисија сакаат да дозволиме ЛГБТ активисти и организации да влегуваат во градинките и училиштата. Унгарија не го сака тоа, напиша Орбан на Фејсбук, велејќи дека станува збор за национален суверенитет.
-Бирократите во Брисел немаат право да се мешаат во тоа и, без оглед што велат, нема да им дозволиме на ЛГБТ активистите пристап до нашите деца, додаде унгарскиот премиер.
Орбан, кој е на функција од 2010 година и се соочува со избори следната година, стана уште поконзервативен и поборбен во промовирањето на, како што рече, традиционалните католички вредности под притисок на либералниот Запад. Опозициската партија Јобик исто така го поддржала законот во парламентот. Денес, сепак, невладината организација Амнести Интернешнл и Здружението хејтери пуштиле огромен балон во боја на виножито над зградата на унгарскиот парламент, протестирајќи против законот.