Унгарија ја зајакнува заштитата на своите граници, а како причина го наведува новиот бран мигранти кои наводно преку балканската рута патуваат кон Унгарија, пренесува ДПА.
Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан планира да ја подигне за дополнителен метар жилет-жицата од 150 километри на југот на земјата, која беше изградена за време на бегалската криза во 2015 година.
Треба да се подигне и нова гранична ограда во националниот парк Дунав-Драва на југот од земјата, долж српската и хрватската граница.
Унгарската Влада, исто така, планира да вработи вкупно 2.000 нови, вооружени стражари како дополнително засилување на војската и граничната полиција.