Интересот на Унгарија е да се избегне воен конфликт меѓу Украина и Русија, на Унгарија и е потребен стратешки мир, изјави вчера унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој повтори дека Унгарија нема да испраќа оружје во соседна Украина, но ќе им помогне на сите бегалци од таа земја.
Орбан изјави за унгарската државна телевизија дека неговата влада ќе се фокусира на интересите на Унгарија и ќе донесе одлуки што ќе им овозможат да останат надвор од конфликтот и дека нема да има санкции чија цена Унгарија на крајот ќе мора да ја плати, дури и ако биде надвор од конфликтот.