„Зеленски ѝ се закани на Унгарија“ – Орбан најави долгорочни последици по нападите врз нафтоводот „Дружба“

„Зеленски отворено ѝ се закани на Унгарија. Тој призна дека го гранатираат нафтоводот „Дружба“ затоа што не го поддржуваме нивното членство во ЕУ. Оттука следува дека Унгарците донеле правилна одлука. Зборовите на Зеленски ќе имаат долгорочни последици,“ порача премиерот Виктор Орбан преку Фејсбук.

Украинскиот претседател претходно изјави дека иднината на нафтоводот „Дружба“, кој испорачува руска нафта кон Унгарија и Словачка, зависи од ставот на Будимпешта за членството на Украина во Европската унија. „Секогаш сме го поддржувале пријателството меѓу Украина и Унгарија. Постоењето на „Дружба“ зависи од ставот на Унгарија,“ рече Зеленски.

Од почетокот на август Унгарија пријави три напади на украинските сили врз „Дружба“ – на 13, 18 и 22 август. Последните два напади го прекинале снабдувањето со нафта, поради што Унгарија и Словачка останале без резерви цели пет дена.

Орбан најави долгорочни последици