Унгарија очекува „поголем бран“ бегалци од Украина наредната седмица – вели унгарскиот претседател, Виктор Орбан, во видео објавено на неговиот официјален фесјбук-профил.
При посетата на граничниот премин на границата со Украина, Орбан рече дека следната недела таму ќе бидат распоредени дополнителни погранични службеници за справување со зголемениот број бегалци.
Орбан во изјавата не појаснува зошто очекува зголемен број бегалци наредната седмица. Инаку, изминатата седмица е забележано намалување на бројот лица од Украина кои засолниште побарале во соседна Унгарија.