Референдумот треба да се одржи поради борбата против притисокот на Европската унија да ги измени неодамнешните амандмани на законите за образование и заштита на децата.
– Во изминатите недели, Брисел очевидно ја нападна Унгарија преку законот за заштита на децата. Унгарските закони не дозволуваат сексуална пропаганда во градинки, училишта, на телевизија и во реклами, истакна Орбан во видео снимка на Фејсбук.
За потсетување, на почетокот на овој месец, Орбан се осврна на критиките од Холандија во врска со овој закон. Во таа прилика тој рече дека критичарите „смрдат на морална надмоќ, вкоренета во колонијалното минато“.
– Ова е колонијален пристап. Тие едноставно не размислуваат што можат, а што не можат да кажат за друга нација и законите на друга земја, изјави тогаш Орбан за едно радио.