Унгарија безусловно го поддржува членството на Молдавија во Европската унија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан по разговорите со молдавскиот премиер Дорин Речеан во Будимпешта.
„Покрај предностите за Молдавија, ЕУ би имала корист и од нова енергија, од земји за кои е познато дека се населени со вредни луѓе“, рече Орбан на заедничката прес-конференција со Речеан, пренесува унгарска новинска агенција.
Молдавија пред осум години потпиша договор за асоцијација со ЕУ, а преговорите за членство беа отворени дури неодамна, што Орбан го нарече „болно долго време“.