Интересот на Унгарија е да остане настрана од конфликтот меѓу Украина и Русија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој повтори дека Унгарија нема да испраќа оружје во соседна Украина, туку ќе им помогне на сите бегалци од таа земја.
Орбан изјави за државната телевизија дека неговата влада ќе се фокусира на унгарските интереси и ќе донесе одлуки кои ќе и овозможат на неговата земја „да остане настрана од овој конфликт“.
Тој додаде дека не треба да има санкции поради кои Унгарија „на крајот треба да ја плати цената, дури и ако остане надвор од конфликтот“.