Благодарам!
Огромно благодарам!
Победата со двојно поголемата разлика во однос на СДСМ и Темелковски и победа во првиот круг за мене значи огромна доверба, но и одговорност, која ја носам со себе за да реализирам се што имам планирано и ветено во мојата програма.
Уште еднаш ве уверувам и ви гарантирам дека моите заложби за реализација и исполнување на програмата ќе се остварат и верувајте, веднаш по преземањето на општина Кисела Вода, јас се ставам во функција на граѓаните.
Победата на Кисела Вода во прв круг значи победа за г-ѓа Данела Арсовска во вториот круг!
Да сте живи и здрави, не чека многу работа!
Уште еднаш, честитки на граѓаните на Кисела Вода!
Вие победивте денес!, соопшти Ѓорѓиевски на Фејсбук.