– Во старт тоа не беше исплатливо за нас, но врз основа на дискусиите и со синдикатите и со Владата ова беше постигнатиот компромис. Мој личен, но и став на ОРМ е дека тоа е добар компромис. На оној што инвестирал 20-30 милиони евра во нов мол да му се забрани да работи во недела не е во ред, ама во ред е тој што ќе работи во недела да добие двојна дневница и на државата да и плати надомест за развој на инфраструктура, детски градинки… Ова е компромис кој во моментов на развој на државата е добар. Може кога ќе имаме стандард девет-десет илјади долари по жител и тие нема да работат во недела. Но, во овој момент Македонија не смее да си дозволи македонски граѓани да одат во Бугарија или Србија и да трошат девизи, а наиште молови да бидат затворени, рече Димитров одговарајќи на новинарско прашање дали на работодавачите е прифаливо ако работат во недела да издвојуваат од приходот што го остваруваат.

Тој појасни дека работата на моловите и другите тровски субјекти се регулира со Законот за трговија, што е под надлежност на Министерството за економија. Во Законот за работни односи пак, се наведени сите дејности кои заради технолошкиот карактер на компанијата, или пак витални дејности како полиција, војска, здравство… мора да работат во недела. За тие вработени ќе има 50 отосто поголема дневница и ќе користат слободен ден во текот на наредната недела.

Во врска со ребалансот на Буџетот, Димитров истакна дека е добар и оти само со државен интервенционизам може да се постигне поголем развој на економијата.

– Јас сум поддржувач на државен интервенционизам. Македонија на овој степен на развој како што е сега мора да има таков интервенционизам за поттикнување на економскиот раст. Тоа во историјата го правеле и најлибералните економии. Државата треба да помогне на сметка на зголемување на вкупниот долг со инвестиции во инфраструктурата, гасната инфраструктура, брани за наводнување…, кои ќе дадат зголемување на економскиот развој, раст на комапниите и бизнисот. Вкупниот долг ќе се намали и треба да се намали со раст на БДП, а не со неинвестирање бидејќи ние сме на ниско рамниште на развој, немаме доволно капитал и домашно штедење. Се уште ни е ниска преприемачката култура и без поддршка на државата тоа не може да го направиме, рече Димитров.

Во врска со одлуката јавната администрација да добие к-15 тој вели оти смета дека тоа е исправно. Не е фер, нагласува Димитров, К-15 да биде задолжителен за приватниот сектор, а не за јавниот, па вработените на некој начин да бидат спречени да го уживаат истите права, како оние во приватниот сектор.