Фактор открива мрежа на организирано дејствување на кражби на бакарни кабли кои потоа завршуваат на пазарот и се продаваат за се повисока цена.
Во последните два месеци се почесто има пријавување на вакви кражби, кои полицијата ги евидентира, но крадците речиси никогаш не се пронајдени. Притоа се оштетува витална мрежна инфраструктура, па се појавуваат дефекти и прекини на телекомуникациските услуги.
Санирањето на овие штети е скапо и долготрајно. Најголем дел од овие кражби се случуваат во Скопје.