Околу 500 декари оризова површина во кочанско Облешево е под опасност да се исуши бидејќи веќе 20-тина дена е без вода. Недостигот на вода во оризовите полиња и појавата на болести кај оризот, ги натераа оризарите од кочанскиот регион да излезат на протест и да го искажат незадоволството. Тие денес ја блокираа едната сообраќајна лента на патниот правец Штип-Кочани, кај Облешево и ги посочија проблемите со кои се соочуваат, пренесува Tv21.mk.

А зошто водата е толку важна за оризот и што значи недостигот од истата?

Недостатокот на вода, но и проблемите со болестите придонесуваат за намалено производство од најмалку 50%, додаваат производителите на белото злато, кои укажуваат на тоа дека за да се покријат трошоците, откупната цена за килограм оризова арпа треба да се зголеми.

Раководителот на кочанската подружница на Водостопанство, „Брегалница“, Благојчо Богатинов, пак вели дека затворањето на водите е во договор со водокорисниците, но подготвени се да формираат комисија за да најдат заедничко решение.

Инаку, оризарите на кои што сушата речиси секоја година им уништува дел од производството многу пати досега преку протести и блокада на овој патен правец ги бараа своите права.