Заменик градоначалникот на Мариупол, Серхи Орлов, за Би-Би-Си денеска изјави дека преговорите за привремен прекин на огнот со цел да се евакуираат цивилите од Мариупол траеле цела ноќ, а дека од утринава почнале да се спроведуваат.
-Организиравме 50 автобуси, со кои мислиме дека може да се превезат до шест илјади лица до Запорожје. Луѓето можат да одат и со лични автомобили. Сметаме дека ако се почитува примирјето, до девет илјади луѓе можат да излезат од градот, рече Орлов.