Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука Орце Ѓорѓиевски да биде кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на партијата.

Одлуката ја објави партискиот лидер Христијан Мицкоски во изјава дадена пред централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој води убедливо, дури петпати, споредбено со решенијата на СДСМ. Тој со својата максимална посветеност, покажа и докажа дека умее и сака да работи за граѓаните. Знам дека Орце е исклучително мотивиран да победи и да победува секој ден за Скопје и скопјани. Тој е достапен и отворен, кој решава проблеми, по четири години девастирање на Градот. Тој ќе има задача да го врати градот на скопјани,“ рече Мицкоски.

Орце Ѓорѓиевски е актуелен градоначалник на скопската општина Кисела Вода.

 

ѓ