Според првите податоци од пребројувањето на гласовите, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, има голема предност пред својот противкандидат од Левица, Амар Мециновиќ.
По обработени 126 од вкупно 685 избирачки места, Ѓорѓиевски има околу 14.400 гласа, додека Мециновиќ досега освоил приближно 5.800 гласа.
Овие први резултати укажуваат на јасна тенденција и значајна предност за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, која доколку продолжи во истиот тренд, би била убедлива победа на Ѓорѓиевски.
Извор: Аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ
