Јапонската тенисерка Наоми Осака соопшти дека нема да настапи на претстојниот гренд слем турнир Вимблдон поради повреда на ногата.
Осака уште пред три недели најави дека нема да настапи на Вимблдон по одлуката на АТП и ВТА да не се бодува настапот на престижниот тениски турнир поради суспензијата на руските и белоруските тенисери и тенисерки. Таа тогаш порача дека на сака да игра на „егзибициски турнири.
Наоми Осака моментно е на 43 место на ВТА ранг-листата, а досега има четири гренд слем титули, на УС Опен победи два пати (2018 и 2020) и два пати на Австралија Опен (2019 и 2021), додека најголем успех на Вимблдон и е пласманот во третото коло.