Судот во Замбија ослободи осум Хрвати на кои им се судеше во таа земја. Тие беа обвинети за обид за трговија со деца и за наводно фалсификување документи за посвојување.
Ова е втор судски спор против нив во градскиот суд во Ндоли.
Тие беа уапсени минатата година во декември, а потоа беа ослободени во февруари, за повторно да бидат уапсени кога се обиделе да се вратат во Хрватска врз основа на анонимна пријава. Сега заврши вториот судски процес и можам да се вратам во Хрватска со моите посвоени деца.
Четирите парови од Хрватска поминале седум месеци во затвор во Замбија.
Нивните посвоени деца од Конго во тоа време биле под социјална грижа на Замбија, на безбедна локација.