Судот не утврди кршење на законот
Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, доби ослободителна пресуда во предметот за набавка на луксузното „Ауди“ вредно 67.000 евра. Основниот суд оцени дека нема доволно докази за кривично дело и злоупотреба на службена положба, пренесува ТВ21.
Адвокатот: Нема незаконитости
„Оваа одлука на Судот јасно укажува дека не постои никакво прекршување на законската процедура при јавната набавка на возилата. Купените автомобили, чие вкупна вредност изнесува 114.000 евра, се набавени во рамките на законските надлежности и критериуми“, изјави неговиот адвокат Игор Петковски.
Обвинителството не успеа да докаже вина
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го обвинуваше Мерко за злоупотреба на службената положба. Предметот привлече големо внимание и поради тоа што Мерко е ставен на црната листа на САД, под сомнение за корупција и вмешаност во правосудниот систем.
Но, судот процени дека „не постојат доволно фактички и правни основи кои би упатувале на негова кривична одговорност во овој случај“, со што градоначалникот е целосно ослободен од обвиненијата.
Јавноста со низа сатирични коментари за ваквата ослободителна пресуда за Рамиз Мерко.
На Рамиз Мерко му се заканува затвор: Ново обвинение, одземен му е пасошот
За потсетување, претходно ОЈО Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице. Мерките се побарани поради опасност од бегство, особено имајќи предвид дека ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице во текот на вчерашниот ден.