За телевизија Нова министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави:
-Не ја потценувам важноста на историјата и минатото, треба да разговараме за овие прашања, но, треба да се фокусираме на сегашноста. Секој ден пишуваме историја. Првите пораки кои доаѓаат од партиите кои можат да коалицираат ни влеваат оптимизам
БГНЕС пренесува:
-Ако ме прашувате за разликите што ги имаме и за европската перспектива, ние никогаш не сме ја прекинале комуникацијата со Република Бугарија и покрај тоа што беше потешко поради тоа што за една година имаше три избори. Не беше формирана влада и имаше преодна, но бевме во постојана комуникација со преодната влада на Бугарија, рече Османи на прашањето за иднината на билатералните односи
-Неодамна имавме три директни средби меѓу експертите. Разменивме ноти, документи, позиции, мислења и така ќе продолжиме и во иднина. Се надевам дека побрзо ќе се формира редовен владин кабинет и институции за да можеме да ставиме крај на овој спор. Заложник е не само нашата европска перспектива, туку и целиот регион, заложник е пријателството меѓу нашите две земји.Република Бугарија е една од земјите кои го придвижуваат процесот на европска интеграција на целиот регион. Да не заборавиме дека во 2018 година во Софија Република Бугарија беше домаќин на Самитот на ЕУ за Западен Балкан и ја водеше европската перспектива на целиот регион. Мислам дека тоа е во интерес и на Бугарија и тоа е во наш интерес и интерес на цела Европска унија, побрзо да се стави крај на ова прашање, кое непотребно ги оптоварува нашите билатерални односи, рече Османи.
Посочувајќи дека една година преговараат со преодната влада оцени дека преговорите ќе се одвиваат полесно со редовна влада со целосен мандат за одлучување.
-Првите пораки што доаѓаат од партиите кои можат да коалицираат ни влеваат оптимизам. Но, во односите меѓу РСМ и Бугарија не треба да го ставаме фокусот само на минатото, туку и на сегашноста и иднината. Цело е кога има се. Не ја потценувам важноста на историјата и минатото, треба да разговараме за овие прашања, но треба да се фокусираме на сегашноста, секој ден пишуваме историја, ние сме сериозни и конструктивни, веруваме во пријателство на нашите две земји, веруваме во заедничка иднина во Европа. Ние сме сојузници во НАТО и треба само порационален пристап од двете страни, како и разбирање на другата страна, рече шефот на македонската дипломатија.