Сите заинтересирани можат да дојдат во просториите на министерството и да ги претстават своите забелешки, предлози и идеи пред ресорниот министер Бујар Османи и другите вработени.
– За прв пат, министерството ги отвори вратите за граѓаните, но и за припадниците на нашата дијаспора, кои во овие летни месеци, традиционално доаѓаат во посета на матичната земја. Се сретнав со различни категории на луѓе, со кои поразговарав на различни теми. Сите тие имаат сопствени видувања и размислувања и секој нивен совет е вреден да биде сослушан. Вообичаено, најдобрите совети пристигнуваат токму од луѓето кои се соочуваат со реални проблеми, напиша Османи на Фејсбук.
Шефот на дипломатијата вели дека се прават максимални напори да им се излезе во пресрет на сите наши граѓани, да се направат подостапни конзуларните услуги, а службите и амбасадите да бидат на висината на задачата, со цел задоволување на барањата на граѓаните.