Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Босна и Херцеговина.

Како што соопшти МНР, главни теми на разговор на средбата на Османи со неговата домаќинка, вице-премиерката и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, ќе бидат билатералните односи и соработка и можностите за натамошно надградување на соработката во интерес на двете држави и граѓани.

Во фокусот на разговорите посебен интерес ќе биде посветен на процесот на интеграцијата во Европската Унија и европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и војната во Украина и нејзиното влијание врз нашиот регион и пошироко.

Се очекува, Османи да биде примен и во Претседателството на Босна и Херцеговина, се додава во соопштението на МНР.