Еден брачен пар од Македонија е изложен на ризик и се наоѓа во Газа, која во моментов е под силно гранатирање од страна на израелските сили,соопшти утринава министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Владата прави напори да ги извлечат од ризичното подрачје. Од 150 Македонци кои беа во Израел, за 60 е обезбедено безбедно враќање , додека другите 90 ќе се вратат утре во текот на денот информираше министерот

Утринава МНР информираше дека од Израел уште 9 наши државјани го напуштија Израел, преку различни транспортни рути, и тоа: четворица со лет до Атина, тројца за Јордан и двајца за Белград; заедно со оние кои претходно тоа го сторија, вкупната бројка за изминативе три дена се искачи на 40 наши државјани што го напуштија Израел.

Дваесет пријавени граѓани од пограничните региони, кои се сметаа за безбедносно – ризични, утрово се префрлени на безбедна локација во Тел Авив, од каде ќе се работи на нивно заминување од Израел.За жал, неколку од летовите за кои веќе беше обезбедено место дел од нашите државјани да го напуштат Израел во текот на вчерашниот ден беа откажани, па активностите за нивно приклучување во некои од денешните летови продолжува денеска.