Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги осуди нападите на Хамас врз Израел.
„Силно ги осудувам насилните напади на групата Хамас врз Израел. Продолжува нашата целосна солидарност со Израел, овие акти на терор мора веднаш да престанат“, напиша Османи на социјалната мрежа X.
Според последните информации, најмалку 200 Израелци и 198 Палестинци загинаа во денешната офанзива на палестинското движење Хамас против Израел.