Комунициравме веќе со Амбасадата на Франција и немаме дилеми дека францускиот претседател направил ненамерна грешка, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање дали и како Македонија ќе реагира откако Макрон вчера во Брисел, во изјава за медиумите, нѐ нарече „Северномакедонци“.

-Ние комунициравме со Амбасадата на Франција колку да ја испочитуваме формата, но и вчера реагиравме во комуникација со француската делегација, премиерот имаше комуникација со Макрон, во Брисел. Немам дилеми дека е тоа ненамерна погрешна формулација на францускиот претседател. Макрон апсолутно нема дилема по однос на името и идентитетот и по однос на прашањата кои се дефинирани овде и во Обединетите нации, изјави Османи.