Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска објаснуваше зошто ѝ даваме воена помош на Украина и изјави дека ние не можеме да останеме неутрални и не ѝ даваме на Украина оружје за д анападне друга држава, туку за да се брани.
Русија ги има прекршено насилно и неоправдано основните принципи на меѓународното прави и на меѓународното хуманитарно право, принципите на европската безбедносна архитектира кои што го одржуваат мирот во Европа во последните 75 години и во нашата држава. Нашите граѓани уживаат мир, зашто по Втора светска војна е воспоставен меѓународен ред и поредок, рече Османи.
Тој повтори дека нашиот став како држава не е кон рускиот народ, кон Русија, туку кон агресивното однесување на Руската федерација и на власта во Руската федерација која го загрозува светскиот мир преку рушење на основните принципи на кои се темели мирот во светот и во Европа.
Во таква ситуација не може да останеме неутрални, не даваме оружје на Украина за да нападне, ѝ помагаме на Украина туку да се брани. Украинските војници и украинскиот народ се борат и за нашиот мир и за нашите вредности. Ние, со фактот дека сме дел од системот на вредности во кој доминира почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на независните држави, владеење на правото, демократијата, човековите права, покажуваме дека сме на вистинскат страна на историјата и ќе продолжиме додека е потребно, вели Османи.
Според него, билатералните односи со Русија се многу помалку важни од загрозувањето на мирот кој започна „со ова агресивно однесување на Русија кое ја отвора и Пандорината кутија за слично донесување на авторитарни режими“.