Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека странските амбасадори се разочарани од ставот на ДУИ за Уставниот суд, а нивното незадоволство му било пренесено на министерот за надворешни работи. Реакцијата доаѓа откако Бујар Османи изјави дека Уставниот суд „не треба да се осмелува“ да ги преиспитува законите донесени со Бадентер.
Мицкоски: Османи нема кредибилитет да зборува за јазикот што ДУИ го користеше за политички уцени
Мицкоски беше остар кон Османи, истакнувајќи дека тој нема кредибилитет да го брани албанскиот јазик, бидејќи ДУИ со години го користеше јазичното прашање како алатка за политички уцени и позиционирање.
Во интервју за ТВ21, Османи изјави дека ќе се создаде „длабока политичка криза“ ако продолжи, како што вели, „деградацијата на Албанците“. Тој дури остави можност ДУИ да ги бојкотира локалните избори ако не се одржат и парламентарни.
Сепак, Османи не приложи ниту еден доказ за вакви тврдења, што ја прави неговата реторика повеќе како обид за политички манипулации отколку реално сценарио.
Според Мицкоски, ДУИ е во паника, бидејќи по долгогодишната контрола врз институциите, сега нивното влијание значително опаѓа. Заканите со криза, бојкот и наводна „деградација“ изгледаат како последни очајни обиди на партијата да остане релевантна.
Извор: Алсат