Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг посочи дека лица од Македонија се јавувале во Бугарија со цел да не се реши спорот меѓу земјите.

Оваа недела од Македонија се јавувале во Република Бугарија кажувајќи дека не потребен е целиот тој ангажман затоа што овде ќе се оди брзо на избори, дека ќе има предвремени и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение – посочи Османи.

Тој додаде дека се работи и за луѓе во институции, за кои се смета дека се на иста линија со тие кои ги коментираше бугарскиот премиер Кирил Петков.

Османи не истакна за кои лица или институции станува збор.

Претходно, Османи посочи дека имало обиди Западниот Балкан да не се движи со соодветна динамика кон Европската Унија и тоа преку „прокси“ играчи.