Принципите и обврските на ОБСЕ не можат да бидат предмет на преговори. Она што можеме е да работиме со сите наши членки во насока да се обнови дијалогот и да се реафирмира посветеноста на тие принципи, изјави Претседавачот со ОБСЕ и шеф на дипломатијата Бујар Османи, во Виена на прес-конференција.
Наша работа како претседавачи на ОБСЕ е да ја водиме организација во овие тешки времиња но тоа е и одговорност која ја споделуваат сите 57 земји членки во насока на исполнување на нашите приоритети и програма која им служи на луѓето и на сите земји членки. Ние не треба да измислуваме нови решенија, принципите и обврските на нашата организација не можат да бидат предмет на преговори. Нема и не може да преговраме за овие принципи кои се темепт на оваа организација и причина за нејзиното постоење. Она што можеме е да работиме со сите наши членки во насока да се обнови дијалогот и да се реафирмира посветеноста на тие принципи, појасни Османи на новинарско прашање на прес-конференцијата по презентацијата на приоритетите на претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
Тој посочи дека мотото на нашето претседавање со ОБСЕ „За луѓето се работи“ произлегува токму од поставената цел да се нагласи дека организацијата има важна улога, прави промени на терен и влијание на животот на луѓето.
-Тоа ќе биде нашиот главен наратив и начин да ги убедиме земјите дека мора повторно да се обвземе на принципите на организацијата, затоа што тие даваат простор за одржлив мир, безбедност и директно влијаат на животот на луѓето. Ова е нашата креативна идеја која не еизмислена од нас туку од основачите на организацијава, подвлече Османи.
Генералната секретатка на ОБСЕ Хелга ШМИД изјави дека ова е една од најтешките години во историјата на Организацијата, но засегнати се вели, и други меѓународни организации како и мултилатерализмот. Сепак, во случајот тоа е резултат на делувањето на една нивна членка која ги прекршила основните принципи на организацијата и затоа се согласи со Османи дека клучно е цврстото реафирмирање и посветеност на основните правила на ОБСЕ.
Во однос на опстанок на органзиацијата која ги носи одлуките со консензус, таа укажа на нов модел на финансирање, нова програма развиена последниве месеци надвор од буџетската рамка, во форма на донации за проекти, за кои не е применето правило на едногласнот. Тоа и овозможило на организацијата повторно да биде оперативна, нивен персонал е веќе во Киев на барање на украинската влада и работи на терен на проектите.
Во ОБСЕ членуваат 57 држави меѓу кои и САД, Русија и Украина. Организацијата има и 11 земји партнери.