-Оддаваме почит на илјадници невини жртви, на сите оние невини мажи и деца кои беа убиени во Сребреница пред 26 години и на уште поголем број на цивили кои, во обид да го спасат својот живот, беа принудени да ги напуштат своите домови. Настаните од јули 1995 година, кога беа убиени над осум илјади цивили, не смеат да се заборават, ниту фактите поврзани со него релативизирани, како гаранција дека истото нема да се повтори. Извлечените поуки за овој настан, како и заложбите за градење на траен мир и просперитет претставуваат надеж за идните генерации и регионот во целост, нагласи Османи.
Европската перспектива за сите земји од регионот е најголемата трансформативна енергија што ги придвижува нашите земји напред кон прогрес и реформи, при што остануваме максимално посветени на градење хумани и демократски општества, во кои ќе владее правото и ќе се почитуваат човековите слободи и права, ќе за залагаме за промовирање на еднаквоста и почитување на различностите, на послабите и немоќните. Почитувајќи ги жртвите и бранејќи ја вистината, ние можеме да градиме иднина, заклучи Османи.
Османи се обрати на одбележувањето на 26-годишнината на геноцидот во Сребреница
О
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со бројни други високи претставници на држави од регионот и светот, денес имаше свое обраќање на годишнината на геноцидот во Сребреница.