Шефот на дипломатијата Бујар Османи, за време на престојот во Маракеш, Мароко и учеството на министерскиот состанок на Глобалната Коалиција за борба против ИСИС, оствари средба и со својот домаќин, мароканскиот министер за надворешни работи, Насер Бурита.

Како што соопшти МНР, во фокусот на средбата беше соработката во рамки на ОБСЕ Групата на медитерански партнери за соработка – со која оваа година претседава Северна Македонија.

Министерот Османи на средбата укажа дека Мароко претставува ценет и значаен медитерански партнер, со простор и можности за унапредување на медитеранското партнерство во рамки на ОБСЕ.

Беа разменети мислења и за заедничкото справување со безбедносните предизвици, почнувајќи од тероризмот, насилниот екстремизам до други транснационални закани, климатски промени и пошироките стратешки предизвици.