Утре (28 јануари 2022 г.) министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе има излагање пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, каде ќе информира за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Седницата на оваа комисија е предвидено да започне од 11:45 часот, во салата Борис Трајковски.