„Државата ги реши своите егзистенцијални прашања, ако можам така да кажам, внатрешно се консолидираше по однос на функционалната демократија и меѓуетнички односи, си ги среди односите во соседите, се етаблираше меѓународно. Сега останува корупцијата“, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека фокусот на стратешките партнери на земјава сега е ставен врз корупцијата, оти се решени другите големи прашања. На денешниот брифинг со новинарите тој оцени дека тоа е позитивен развој на државата.
„Мислам дека и овој фокус на САД кон антикорупциската политика, не е одраз дека се случува нешто поинакво овде во однос на корупцијата, туку одраз дека влегуваме во една нова фаза на развојот на државата. Државата ги реши своите егзистенцијални прашања, ако можам така да кажам, внатрешно се консолидираше по однос на функционалната демократија и меѓуетнички односи, си ги среди односите во соседите, се етаблираше меѓународно. Значи ова е позитивен развој на државата и општеството во којшто останатите прашања кои ни беа фокус веќе се решени, сега останува корупцијата“, кажа Османи на денешниот брифинг со новинарите.
„Земјата влегува во таков еден модус на развој, во кojшто антикорупцискитa политикa ќе биде најважната, ако можам да кажам, и тукa ќе бидеме помогнати и мониторирани од двата стратешки партнери – ЕУ и САД“,
кажа Османи.