Со посета на Летонија министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ја продолжува тридневната балтичка турнеја.
Во Рига, Османи, како што е најавено ќе се сретне со шефот на летонската дипломатија Едгарс Ринкевичс и со претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Рихард Колс, како и со македонските војници кои се дел од словенечкиот контингент на Мисијата на НАТО за зголемено засилено присуство во Летонија
Османи својата балтичка турнеја ја започна во Литванија, а вчера беше во посета на Естонија.
Во фокусот на средбите на Османи беа актуелните состојби во регионот на Западниот Балкан, евроинтегративниот процес на земјава, предизвиците кои произлегуваат од војната во Украина, како и улогата на Северна Македонија и Литванија и Естонија како членки на НАТО.