Пред Владата вечерва осми ден под мотото „Ултиматум, не благодарам“ продолжија протестите против францускиот предлог.
Учесниците на протестот со македонски знамиња и предводени од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица се движат од Владата кон Министерството за правда до Собранието како крајна дестинација.
Протестите се одржуваат секој ден со исклучок на саботата кога не се одржаа поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам и во петокот кога незадоволството беше изразено преку блокади во Скопје и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.